2win800x200

Уште две години затвор плус за екс градоначалникот Владимир Талески за изградбата на мостот Црн Мост во Битола и „Транспортер 2 “

Јануари 24, 2024

БИТОЛА – Екс градоначалникот на Битола Владимир Талески е осуден на уште две години затвор за судскиот процес „Транспортер 2“, повторно дело поврзано со ученичкиот превоз во Битола и за изградбата на мостот Црн Мост во Битола. Талески беше 12 години градоначалник на Битола (2005-2017) и од лани е во Прилепскиот затвор на одлежување на казната за злоупотребата со ученичкиот превоз.

На една година затвор, но само за првото дело „Транспортер 2“ е осуден поранешниот секретар во Општина Битола, Слободан Бончановски. Додека, за делото „Транспортер 2“, алтернативна мерка, условна осуда од една година казна затвор која нема да се изврши доколку не го повторат кривичното дело во период од две години, добија и четворица вработени во Општина Битола, членови на комисијата за јавни набавки. Оваа информација за „Независен“ ни ја потврдија од Основниот суд во Битола. По предметот постапуваше судијата кривичар, Драган Јаковлевски.

 

„Пресудата е донесена во понеделникот, се однесува на дело ‘Злоупотреба на службената положба и овластување’ по член 353 став 4, во врска со став 1 од Кривичниот закон. Кривичното дело е поврзано со превозот на ученици во општина Битола и изградбата на мостот Црн Мост во Битола. Пресудата не е правосилна и против истата осудените имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Битола “, потврдија од Основниот суд Битола за nezavisen.mk.

Судењето за „Транспортер 2“ траеше околу година и пол во Основниот суд во Битола на рочиштата присуствуваше и екс градоначалникот Талески кој од лани ја одлежува казната затвор за случајот „Транспортер“ во затворот во Прилеп. Додека пак, секретарот Бончановски е на одлежување на казната затвор во Битолскиот затвор.

По долго време поминато во домашен притвор, Талески од лани од 9 јануари е спроведен во Прилепскиот затвор. За криминалот со бесплатниот школски превоз тој првично беше осуден на 7 години затвор, но му се одзеде времето поминато во домашен притвор од околу 3 години, што значи за одлежување му останаа без малку 4 години. Сега на оваа казна Талески добива уште две години затвор за „Транспортер 2“.

„Транспортер 2“ е кодното име на истрагата што ја отпочна Специјалното јавно обвинителство, и е продолжение на незаконските дејствија со превозот на ученици во Битола. Истрагата се водеше против десет осомничени лица со доказен материјал за учебната 2009/2010 година, и за учебната 2010/2011 година.

СЈО тогаш тврдеше дека има основано сомнение дека начинот на извршување на кривичното дело е идентичен како и во обвинителниот акт „Транспортер“, во кое им се судеше на 21 лице дека го оштетиле буџетот на Општина Битола за половина милион евра.

Анета Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани