2win800x200

Лидија Споа-Успехот е наш сопатник, подготвени сме за предизвиците во новата година!

Декември 29, 2023

Крајот на годината е време кога е потребно да размислуваме за патувањето позади нас, да ја прегрнеме сегашноста и со нетрпение да ги очекуваме авантурите кои ни претстојат во новата 2024 година, стои меѓудругото во обраќањето на директорката на битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола.

Календарската 2023 година ја заокружуваме со бројни успеси на учениците и наставниците, кои неуморно се вложуваат, со цел да дадат максимум знаење и вештини кои се неопходни за животот. Па затоа и успехот е секогаш наш сопатник. Како и во секоја дејност и во воспитно-образовната има бројни предизвици, но благодарение на соработката меѓу наставниците и стручните соработници, внимаваме секогаш да бидеме во чекор со нив и успешно да се носиме со секој еден предизвик и да го надминеме. Учениците и нивните ментори во 2023 година не направија горди со освоените награди на општинските, државните и меѓународни олимпијади во областа на природните науки, јазиците, спортот, општествените науки и уметностите, кои и во 2024 година сигурна сум дека ќе бидат уште побројни. Среќни сме и горди на нашите талентирани ученици кои постојано покажуваат и докажуваат дека доволно „пораснале“, па организираат свои изложби, пишуваат свои драми, песни, учествуваат и организираат голем број на настани, кратко речено гимназијалците ги има секаде, и со право.

Годинава што изминува реализиравме и голем број меѓународни размени на ученици, меѓуетнички проекти, Еразмус и Е-твининг проекти, остваривме и нови соработки за кои сме особено среќни. Во оваа пригода сакам од срце да ги пофалам Младинскиот актив, Децата правобранители, Младинското радио, бендовите и сите ученици кои се неуморни во остварување на нивната програма.

Огромно задоволство ми претставува тоа што нашите ученици се хумани и знаат како, кому и кога да помогнат. Несебично и успешно се организираат кога треба да се обезбеди донација, без разлика дали се работи за облека, храна или финансии. Знаат дека топлината и убавината на новогодишните празници е во магијата на споделувањето среќа, која се шири и пренесува само со убави зборови и дела.

Почитувани наши сакани ученици, би сакала да ве потсетам дека сме во зората на една нова година и ново животно поглавје кое со себе носи неизмерни можности. Искористете ги вашите таленти, можности и ресурси за да ги остварите вашите аспирации и соништ, а ние сме тука да ве поддржиме по патот на успехот.

Сакам да се заблагодарам и на Општина Битола која несебично ни помага да ги реализираме сите наши зацртани цели и да ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници со желба за здравје, љубов, радост и мир во срцата.

Среќна Нова 2024 година.

Директор Лидија Споа

вв

в7

в2

в3

Можно е да е слика од 1 лице, гитара, звучник и текст

в4

в5

Можно е да е слика од 2 луѓе и гитара

 

Можно е да е слика од 2 луѓе и гитарав6

в8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани