2win800x200

Во Ски центарот „Ниже Поле“ работиме по протоколи и со зголемен број редари, велат за ЈП „Стрежево“

Јануари 18, 2021

Од Јавното претпријатие „Стрежево“ кое стопанисува со Ски центарот „Ниже Поле“ за Апла.мк велат дека работат по протоколите за заштита од ковид-19, по вчерашните реакции на социјалните мрежи дека било преполно и тешко се одржувало дистанца. Надлежните велат дека за почитување на мерките, за нормално функционирање на Ски центарот и чајџилницата воведен е зголемен број на редари кои се движат и низ посетителите и каде ќе видат дека има групирање повеќе од четворица и ги предупредуваат.

„Во овој период кога се наоѓаме во пандемија од Корона вирусот е многу тешко да се носат одлуки околу работата на дејностите кои ги има јавното претпријатие Стрежево. Кога од една страна секојдневно гледаме заболени од коронавирус, кога секојдневно Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство повикуваат на почитување на протоколи и носење на заштитни маски, држење дистанца и не групирање на повеќе од четворица и кога од друга страна ги гледаме реакциите на граѓаните како тешко издржуваат без социјален живот во време на пандемија, навистина тешко беше да се одлучи како да реагираме околу работата на Ски центарот Нижеполе. По паѓањето на првиот снег на Пелистер односно на падините на Ски центарот Нижеполе голем број љубители на скијањето но и рекреативци и посетители на планината, се јавуваја со прашање до нас дали ќе работи ски центарот. Со оглед дека Владата има донесено одлука за работа на ски центрите со почитување на посебни протоколи се одлучивме ски центарот да работи“, велат од „Стрежево“.

На прашањето што презеле, ни одговроија дека како одговорна институција ги превзедовме следните мерки:

  • Воведовме зголемен број на редари одколку вообичаено
  • Редарите воведуваа ред околу почетните станици на ски лифтовите каде се држеше дистанца на скиачите на околу 1,5 до 2м и задолжителното носење на маска но и на просторот околу пропратните објекти
  • Редарите пред Чаиџилницата исто така одржуваа ред и одржуваа дистанца на посетителите кога набавуваа продукти од чајџилницата
  • Чајџилницата ја приспособивме да работи преку два шалтери на доволно растојание еден од друг
  • Пред секој шалтер, пред почетна станица од ски лифтовите, пред билетарницата но и на посебни пунктови имавме ставено дезинфекционо средство
  • Вработените во чајџилницата, вработените пред почетната станица, редарите на паркингот за коли, редарите кои воспоставуваа ред во центарот носеа заштитна опрема (маска, шал и нараквици)
  • Редарите се движеја и низ посетителите на ски центарот и каде ќе видеа дека има групирање повеќе од 4 – ца усно интервенираја да нема групирање
  • Секој ден пред отпочнувањето на работа на ски центарот се врши дезинфекција на сите објекти

„За жал од поединци овај настан се споредува со некој друг настан кој мислиме дека не е во ред.

Сигурно доста беа посетени и добро организирани и другите ски центри. Дека функциониравме организирано и дека се почитуваа протоколите на Ски центарот Нижеполе за време на викендот може да се види по позитивните коментари и насмеаните лица на посетителите кои беа на лице место и секако искреноста од дечињата кои си играа на снегот и дишеа чист планински воздух.Здравјето на граѓаните ние приоритет пред сѐ“, велат од „Стреежево“

Денес Ски центраот „Ниже Поле“ излезе со известување дека и денес продолжуваат со работа почитувајќи ги сите протоколи за заштита од ковид -19, а воедно и со апел до посетителите да ги почитуваат мерките и лицата поставени за обезбедување на центарот. Вечерва од 18.00 до 21.00 продолжуваат со ноќно скијање.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани