2win800x200

Нема да дозволам да продолжат коруптивните зделки до даска со превозот на учениците, рече градоначалничката Петровска

Октомври 05, 2018

Повеќе од 31 000 гласови во општина Битола не добив за да продолжат коруптивните зделки до даска во превозот со учениците, рече градоначалничката Наташа Петровска околу актуелната состојба со школскиот превоз во Битола.

 

„Донесени се законски измени со кои превозот на учениците е овозможен со редовните линии и со цени како и за сите останати патници. Сите инстанци треба да ги почитуваат овие законски определби. Во таа насока се движи и општина Битола. Свесни сме дека во изминатиот период поединци, но и политички структури дебело се нафатираа на грбот на учениците. Парите кои завршуваа во приватни џебови треба да завршуваат за подобрување на условите во училиштата, санирање на дограма, тоалети, навка на нагделни средства“, рече Петровска.

Таа рече дека веќе нема да има цена од 290 денари за превоз на ученик од селото Братиндол оддалечено неколку километри до Битола. Според измените во тарифникот, што се планирани да се донесат во понеделник, едно возење до таму ќе чини 35 денари.

„ Како ќе течат работите од другата страна не сакам да коментирам, но најавувам дека како градоначалник сѐ ќе направам за конечно битолските училишта да не се урнисуваат на начин како што тоа било правено во изминатиот период. Инаку, во тарифникот нема да бидат намалени цените кои биле за граѓаните, во некои делови има и зголемување на цените, но се е во рамките на разумните, пазарни цени согласно оддалеченоста на местата. Тука не гледам зошто некој би бил вознемирен зашто граѓаните ги имаат услугите што некој ги прифатил со договорите“, рече Петровска.

Таа уште додаде дека имало ситуација од превозник на линискиот превоз на одредени места да не ги качува учениците кои сакале да платат како и останатите патници.

Парите кои досега ги платиле родителите се бараат законски начини да се рефундираат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани