2win800x200

Битола ќе добие нов мултифункционален центар – ќе се реновира поранешното кино „Партизан“

Јануари 08, 2024

Оваа година ќе почне да се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола, а целта е објектот  да се претвори во современ, мултифункционален центар.

Според министерката Бисера Костадиновска Стојчевска , објектот на поранешното кино „Партизан“ ќе се претвори во современ, комфорен простор, кој би ја збогатил културната сцена во градот Битола.

 

-Годинава започнуваме да го реновираме. Ќе биде мултифункционален обејкт. Неколку пати имав можност да се сретнам со нив кога го развивавме проектот, млади луѓе кои што ти ги впиваат идеите. Прво ќе се сработи киното „Партизан“, затоа што мораме да бидеме многу претпазливи со театарот и центарот за култура, не смееме да ги затвориме, бидејќи тоа не е работа во шест месеци. Прво да проработи ова, да имаме алтернативна сцена, вели Костадиновска-Стојчевска, во интервју за интернет емисијата „Југо“ со Мими Марковски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани