Градоначалникот Тони Коњановски објави дека обезбедени се средства за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп.
Информацијата ви ја пренесуваме во целост
На вчерашната комисиска расправа во Собранието за буџетот за 2024 година прифатен е амандман наменет за капитален проект за Општина Битола. Поконкретно, овие средства ќе бидат предвидени за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп.
Односно со изготвениот основен проект за Реконструкција на улица 8ми „Септември“ во должина од 1400м на КП бр.1476/1 КО Горно Оризари и КП 900 КО Раштани - Битола (од бензинска ЛукОил до табла излез спрема Прилеп) со
следните фази:
Атмосферска канализација
Водоводна инсталација
Коловозна конструкција
Улично осветлување
Реконструкција на пропуст над Раштански порој
Поставување на сообраќајна опрема
Експропријација
Сето ова немаше да беше возможно без напорите на претседателот
Hristijan Mickoski и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија, кои во услови на опозиција под сериозни опструкции од власта, успејаа да обезбедат средства за капитален развој на Општина Битола.
Ова е само почеток на нашата мисија за преродба на нашиот град.
Заеднички, одговорно, чесно и посветеност работиме во интерес на граѓаните на Битола кои ни се врвен приоритет!, објави Коњановски