2win800x200

Битола го сака „Трчај бе“- одржан најмасовниот спортски настан во градот

Септември 05, 2022

Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, синоќа се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави.

302605533 471937418144313 4049367521393736049 n

Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, политичари, компаниски тимови, а трчаа заедно и цели семејства и поединци кои одлучија да ги истрчаат битолските улици. Ако минатата година, градот домаќин беше балканска метропола на трчањето, заради одржувањето на Балканското првенство во полумаратон, од оваа може да се каже дека развива настан кој брзо може да стане спортска туристичка дестинација, од пошироки размери, на која годинава зедоа учество бројни тимови на меѓународни компании, кои токму овој настан го избраа за викенд тим билдинг активности.

301861174 6027626790598025 179640297080393580 n

“Уште кога ја планиравме првата ТРЧАЈ БЕ, пред повеќе од четири години најголемиот предизвик ни беше, како да направиме трка од која сите ќе бидат задоволни. Започнувајќи од професионалните и рекреативни тркачи, до публиката и спонзорите. Од првата година учесниците се среќни, тоа е факт, но растот на трката буди сериозен интерес кај спонзорите што зборува за потенцијалите за раст на настанот. Во градот немаше нити едно слободно место во хотелите, угостителите имаа исто за овој период од годината зголемена фреквенција. Неколку илјадна публика, специјално излезена низ улиците и кафулињата во градот за да ги бодри тркачите, од раните утрински часови и оваа година е најубавиот знак дека сме го направиле вистинскиот потег. Градот Битола, го сака ТРЧАЈ БЕ”- истакна Никола Димитровски, директор на трката.

На патеките, организаторот имаше предвидено офф програма на која настапија над 50 музичари и артисти, за музичко бодрење на тркачите.

Годинава, 21К трката беше селектирана од Атлетската федерација на Македонија да биде Национално првенство. Покрај во полумаратон, учесниците трчаа и на пет и десет километри, учествуваа врвни атлетичари, рекреативци и вљубеници во трачањето, а најдобрите добија награди во фонд вреден 5.000 евра.

304845842 741097636986162 8630648377122100932 n

Преглед на резултатите

Национално првенство во полумаратон:

Жени

1. Тамара Јолевска Попов 01:36:21

2. Весна Кираџиева 01:42:10

3. Жената Богатиновска Илиева 01:42:22

Мажи:

1. Дарио Ивановски 01:07:56

2. Жан Тосев 01:16:37

3. Мартин Трајановски 01:16:53

Трчај Бе 21к

Жени:

1. Миљана Ристиќ 01:28:07

2. Тамара Јолевска Попов 01:36:21

3. Весна Кираџиева 01:42:10

Мажи:

1. Дарио Ивановски 01:07:56

2. Tirron Mamusha 01:13:47

3.Жан Тосев 01:16:37

Трчај Бе 10к Жени:

1. Адријана Поп Арсова 35:51

2. Душица Јанковиќ 44:11

3. Билјана Сивева 44:26

Мажи:

1. Иван Пешовски 33:30

2. Димитар Петровски 34:50

3. Миле Иванов 34:58

Трчај Бе 5к Жени:

1. Николина Милевска Велјановска 20:24

2. Јана Стефановска 20:59

3. Радмила Јованова 21:05

Мажи: 1. Атанас Епов 16:06

2. Кристијан Наумовски 16:24

3. Григоријан Никовски 16:30

301659336 485600796394428 7199172095411171839 n

Беа доделени пехари и дипломи за екипи, признанија по возрасни групи, беа наградени најмладиот и највозрсниот учесник, а посебни награди добија и најбрзиот битолчанец и најбрзата битолчанка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани