АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преспа е еден убав град во Република Македонија, каде што има едно прекрасно езеро рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Битола запрашан за тоа како ги коментира најавите за името Северна Македонија како решение на спорот со Грција и можниот договор во Преспа. Сѐ друго, рече тој е новинарска шпекулација.
„Тоа се новинарски шпекулации, полу информации, полу вистини. Ние сме надвор од процесот, комплетмо сме исклучени од било каква информација, она што најчесто го добиваме како информација е од нивинарски текстови и она што кај нашиот јужен сосед се лиферува како вест. Инаку Преспа е убав град во Република Македонија каде што има едно прекрасно езеро“, рече Мицкоски.
Запрашан зошто ја изгубиле Битола на изборите, тој призна дека во минатото направиле грешки, но дека сега од нив извлекле поука, па Битола ќе биде меѓу приоритетите во нивната нова изборна програма, додавајќи дека ќе се вика „Нов завет“..
„Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги корегираме за во иднина повторно да победиме во Битола оти овој град за партијата е од врвен приоритет “, рече Мицкоски.
Тој вечерва се сретна со членството и симпатизерите од Битола, а меѓу нив присутни беа и екс градоначалникот на Битола Владимир Талески, како и поранешни директори и функционери од оваа партија.