АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците од СОУ „Јосип Броз – Тито” – Битола на 28 декември 2021 година со пригодна свеченост во НУ Центар за култура– Битола се поклонија на тројцата великани на македонската книжевна, научно- јазична и есеистичка мисла - Блаже Конески, Коле Чашуле и Анте Поповски.
„100 години Конески, но и 100 години Чашуле, а 90 години од раѓањето на поетот Поповски, 2021 година ја обележуваме во нивна чест, но и во името на учителот“– беше речено во воведното обраќање на свеченоста.
Со силна порака дека младите можат и знаат како да оддадат почит на своите учители и книжевници за аманетот кој им го оставиле да ги почитуваат нивните заложби и мисија, учениците им се заблагодарија ним за нивното перо. Преку нивниот младешки порив и силна желба за поетска интерпретација на стиховите на Конески и Поповски, како и со длабоки книжевни проникнувања во писателските писма и драмска интерпретација на ликовите од драмата „Црнила” на Чашуле, учениците уште еднаш потврдија дека книжевноста, јазикот и научното наследство се вредни за паметење, за проучување и за чествување, но како што неодамна изјави писателката Лидија Димковска не “церемонијално, туку суштински” какви што се и нивните дела.