2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

103 години од убиството на Јане Сандански

Април 22, 2018

На денешен ден, 22 април 1915 година кај месноста „Блатата“, на Пирин Планина, убиен е Јане САНДАНСКИ, припадник на македонското револуционерно движење, војвода и раководител на МРО во Серско.

Роден бил во селото Влахи, Мелничко, Пирински дел на Македонија, на 18 мај 1872 г.

Во 1901 год. од Делчев бил испратен за војвода во пограничните региони на Серскиот округ за заштита на организационата територија од навлегување на врховистите, а подоцна и заштита од андртските чети.

Бил главен организатор на пленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес во почетокот на 1903 г. за востание.

По негово застапување била донесена осуда и извршена ликвидацијата над Иван Гарванов и на Борис Сарафов во 1907 г.

Соработувал со младотурците по нивната револуција од 1908 г. Учествувал во Младотурскиот поход на Цариград при детронирањето на султанот Абдул Хамид II во 1909 г.

Бил истакнат претставник на Народната федеративна партија. Бил голем противник на врховизмот и на бугарската завојувачка политика кон Македонија.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани