АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес Советот на Општина Битола ќе го донесе ценовникот на услугите на пајак службата за подигање и пренесување на непрописно паркирани возила и возила кои го попречуваат безбедното одвивање на сообраќајот. Пајак службата понатаму ќе функционира во рамки на ЈП за паркинзи.
Подигање и пренесување на непрописно паркирано возило во депото на пајак службата ќе чини 1600 денари.
Подигање на возило од зелена површина и пренос во депо на пајак служба 2000 денари.
Отпочнување на подигање на непрописно паркирано возило кога сопственикот на возилото се појавува на лице место 1000 денари.
Пренесување и транспортирање на возило во град Битола 1500 денари.
Доплата за пренесување на возило надвор од градот Битола за секој изминат километар над 5 километри ќе чини 50 ден/км.
Чување на лесно патничко возило во депо на пајак служба 200 денари на ден.
Чување на товарно моторно возило, камион, автобус и комбе наменето за транспорт на патници во депо на пајак служба 500 денари на ден.
Цените се со пресметан ДДВ. .