АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП “ Стрежево” – Битола, како субјект кој стопанисува со ски центарот Ниже Поле, продолжува со конкретни инвестиции во модернизација на ски центарот преку подобрување на патеките и безбедно скијање во интерес на нашите посетители, објави директорот Менде Граматковски.
„Набавена е специјализирана машина за обработка на снег - тапкач на снег (ратрак) и за прв пат на патеките на нашиот ски центар ќе се појави современа ски санка со исклучително прецизно управување, која ќе игра многу важна улога во безбедноста на патеките односно елиминирање на ризиците во сите снежни активности на нашите ски патеки. При евентуална повреда на скијач на повисоките предели ќе може безбедно повреденото лице да се пренесе до почетната станица, а од друга страна тапкачот на снег ќе овозможи уредување на патеките и подобрување на условите за скијање“, вели Граматковски.
Скијалиштето добива нов, поубав и побезбеден облик, а неговата намена е мултифункционална за следните години. Извршен е годишен преглед и технички преглед на ски лифтовите и истите се одржуваат и функционираат така што одговараат на својата намена и барањата на безбедноста на превозот на скијачи.
Граматковски најави дека претпријатието и во следната година ќе продолжи да инвестира во уредувањето, опремувањето, одржувањето, користењето и управувањето со скијачкиот центар на задоволство на сите љубители на овој планински бисер.