2win800x200

Валентин Груевски-Ароганцијата, инаетот, суетите кои реално ги има под итно да се остават дома!

Ноември 24, 2019

Горди сме на резултатите кои ги постигнуваме во институциите кои ги раководат кадри на ЛДП и нема бегање од одговорност,  ама сакаме и да се препознаваат нашите проекти, нашите реализирани ветувања и нашата работа, рече Валентин Груевски претседател на Советот  на општина Битола на трибината на Либерално демократската партија  „Размуслувај различно –либерално кон Европа.

Груевски ги наброи успесите на ЈП „Пазари“, првото јавно претпријатие   кое ќе произведува електрична енергија за свои потреби, и ги покачи платите за 8%.  ЈП„Нискоградба“ кое ги врати долговите на претходниците од 500.000 евра, и ги покачи платите за 6%,  а се осврна и на вложувањата во градинката „Мајски цвет“од над 150.000 евра. Обновени тоалети, шкафчиња, клима уреди, нови теписони, нови играчки, нови кујни.

Но, иако ЛДП е дел од централната и локалната власт Груевски со критики предупреди на слабостите и на состојбите во кои треба да се подобрат.

-Ако се завршиме само со фалби и убави работи, тогаш нема да бидеме различни. Ама ние сме различни и размислуваме различно и си ги признаваме грешките. Мислам дека во овој период и централната и локалната власт мораа да бидат малку побрзи и поодлучни во донесувањето на некои одлуки. Премногу сме спори во донесувањето на одлуките. Администрацијата ни е преспора, ги малтретираме граѓаните со непотребни процедури. Недозволиво е ако  законскиот рок е 10 дена, да добиете одговор после 25 дена. Ни треба многу повеќе храброст, ни треба фантазија во управувањето, ни треба нешто различно од досегашното, да вклучиме повеќе млади луѓе, кои ќе носат одлуки, а не да бидат обични писари. Надменост, ароганција, лажни големини, инает, суети кои реално ги има под итно треба да се остават дома. Треба да разбереме дека сите сме во функција на граѓаните , а не се граѓаните во наша функција. Или по онаа народната „Анџија и меанџија пак ќе се сретнат“, рече Груевски на денешната трибина во Битола.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани