2win800x200

Започна дистрибуцијата на гласачкиот материјал од печатницата „Киро Дандаро“

Мај 02, 2019

Започна дистрибуцијата на изборниот материјал за вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи в недела на 5 мај. Процесот се одвива под силно полициско обезбедување.

-Можам да порачам на фалсификаторите да не се мачат, бидејќи овие ливчиња се презаштитени и не постои можност за фалсификат, нагласи  директорот на печатницата „Киро Дандаро“-Битола,  Драги Милошевски.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски истакна дека навреме започна дистрибуцијата на гласачкиот  материјал до секоја Општинска изборна комисија.

-Од печатницата „Киро Дандаро“ брзо и професионално се изврши предавањето на гласачкиот материјал и дистрибуцијата ќе биде навреме извршена од нашите 12 тимови. За вториот дел од кампањата можам да кажам дека помина мирно без некои посериозни нарушувања , кандидатите се држеа до свои агенди. Нормални се некои понервозни реакции од страна на кандидатите  во последните денови пред вториот круг на гласање, но за нас е важно во недела да имаме еден чист коректен изборен ден, со што ќе потврдиме дека граѓаните на нашите држава можат да излезат и на демократски и фер начин да покажат дека можат да се спроведат чисти избори во нашата држава, рече Дерковски.

kiro 1

 

 

kiro 2

kiro 4

kiro 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани