Во ООУ „Даме Груев“ Битола се одржа настан по повод Велигден и доделување на наградите на најдобрите ликовни творби од сите училишта. Учениците од германската секција подготвија активности, презентации, музички точки и "фонтана" со цвеќиња во која учествуваа сите присутни ученици од основните училишта „Коле Канински“, „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Тодор Ангелевски“ , а како гости беа и учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ Битола. Огромна благодарност до Гордана Такец за донацијата за наградите за наградените ученици, а посебна благодарност до директорка на ООУ „Даме Груев“, Биљана Дамчевска Бакиевска, за целосната поддршка на овој проект.
Frohe Ostern ви честитаат учениците од германската секција со наставничките Данијела Босилковска и Симеона Павловска, објавија од ООУ „Даме Груев“ Битола.