2win800x200

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Април 23, 2024

Татјана Стерјева, сопственичката на втората најголема веледрогерија во Македонија „Еурофарм“, го презеде раководењето и на градежното претпријатие „Пелистер“ во Битола, чиј долгогодишен менаџер до скоро беше нејзиниот од неодамна покоен татко Силјан Мицевски, објави Фактор.

Битолски „Пелистер“ е голема градежна компанија, за македонски прилики и со своите финансиски резултати влегува во групата најголеми градежни домашни компании со посед на многубројна механизација.

Стерјева е основач, сопственик и генерален директор на „Еурофарм Битола“. Ова друштво во своите аптеки во 2022 оствари приход од 40,5 милиони евра. Во „Пелистер“ ќе биде сопственик заедно со други физички лица.

Целиот текст на faktor.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани