2win800x200

Одличен почеток на натреварувачката сезона на К.К.„Заншин до“-Битола

Април 05, 2024

 

К.К.„Заншин до“-Битола во месец март покажа одличен почеток на натреварувачката сезона, настапи на два големи меѓународни турнири. На 9 ти март се одржа „ФУНАКОШИ ОПЕН„  на кој имше 590 натпреварувачи од 8 држави  К.К.„Заншин до“-Битола на овај турнир се закити со 21 медал и тоа 2 злата , 4 сребра и 15 бронзи.  На овај голем турнир настапија и Вероника Кочов и Стефанија Кикевска кои повторно покажаа дека сите деца се еднакви и можат да го постигнат врвот во се она што сакаат , овие две девоќи се закитија со злато и силен аплаус од сите присутни во салата.

На 31 март се одржа ГРАНД ПРИ МАКЕДОНИЈА на кој учествуваа 1200 натпреварувачи од  13 земји ( Азаберџан,  Босна,  Бугарија, Хрватска, Египет, Грција, Унгарија,  Косово, Црна Гора, Србија , Словенија и Македонија) на овај голем настап К.К. „Заншин до“-Битола  се закити со 12 медала и тоа 4 сребра и 8 бронзи.

Горда сум како тренер и продолжуваме со подготовки за големиот турнир кој ќе се одржи на 14.04.2024 год. ОЛИМПИК ОПЕН 2024 на кој повторно ќе настапиме со масовна екипа меѓу кои ќе настапат  Стефанија Кикевска и Вероника Кочов.

thumbnail image6

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани