2win800x200

Анкета - За повеќето битолчани Битола се држи јако, а за некои ѝ падна газо

Март 21, 2024

Екипата на Внимание, внимание– зборуваат граѓаните“, ги праша битолчани: „Дали Битола се држи јако, или и падна газо?“, мислењата кај битолчани се поделени. Некои велат „и падна газот“, други велат „и така и така“, трети „се држи јако и ќе се држи јако“, „Битола се држи на најјако ниво досега“, но има и такви што сметаат дека : „Не баш да падна газо скрос, ама тука негде.“

На прашањето, ако Битола е главен град, кои институции од Скопје би ги префрлиле во Битола, граѓаните даваат изненадувачки одговори. Неколку од прашаните битолчани одговорија дека би сакале тоа да биде Македонската опера и балет, но и Министерството за култура. Додека едни се изјаснија дека не би сакале да биде како Скопје со облакодери, други пак сакаат облакодери, трговски центри и кино.

 Извор https://trn.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани