Многу силен земјотрес утринава во 4 часот и 6 минути ги потресе Босна и Херцеговина и Црна Гора. Епицентарот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 32 километри северозападно од Никшиќ, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
На веб-страницата на ЕМСЦ се забележани и два помали земјотреси со јачина од 3,1 степени со епицентри во БиХ и Црна Гора.
Фото и текст ТРТ Балкан
Објавено од А.Б