2win800x200

Програмска агенда во КИЦ Битола за наредните денови

Март 13, 2024

Културен и информативен центар Битола, ја започа новата 2024 г. со нови програмски и проектни иницијативи, со кои ја продолжуваме и прошируваме нашата културна мисија во Битола и регионот.

Овој Петок на 15.03.2024 со почеток во 19.00 ч. во Офицерскиот дом, во соработка со Центарот за меѓународна ликовна уметност, Меѓународна ликовна колонија „ДеНиро“ Битола, Ве покануваме на ликовно патување насловено како „Татковина на душата/Завичај душе“ на српскиот ликовен уметник Стојан Ѓуриќ. (текст во прилог).


Истовремено во објектот „Кино Манаки“ тече редовна филмска програма со почеток од 20.00 ч. со репертоар кој опфаќа како антологиски македонски филмови како „Црно семе “ и „Јад“ на Кирил Ценевски, до познати светски филмски хитови за сите возрасти.

Веќе наредната недела на 19.03.2024, во Офицерскиот дом на КИЦ Битола во соработка со Државното музичко училише Битола, Ве покануваме на Концерт – Requiem Si- Do, посветен на големиот музички педагог, музичар и композитор Петар Сидовски .


На 20.03.2024 повторно на истото место, ја најавуваме промоцијата на книгата „Структурата на моќта во Битола“ на Пеце Цветановски, во издаваштво на издавачката куќа „Восток“ од Битола.

Последната недела од месецот Март е резервирана за концерти на класична музика , како оној на Камерниот оркестар на Битола на 26.03 и „Меѓународен Ден на пијаното“ на 28.03 во организација на Здружение на пијанисти и музички педагози – Пијано Битола со нивните колеги и учесници од Р. Грција и Р. Албанија. за што дополнително ќе известуваме.

 

Објавено од А.Б 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани