2win800x200

СДСМ-Новиот директор го продолжува уништувањето на Зоолошката градина во Битола!

Февруари 16, 2024
Во Зоолошката градина животните умираат, а почнаа да ја напуштаат и луѓето кои со години стопанисувале со ЗОО барот. Директорот и Управниот одбор ја зголемиле цената на киријата и го избркале кираџијата на барот иако само тој се јавил на конкурсот што го распишале! Бесен од односот на директорот, кираџијата ги искршил прозорците на барот и си заминал! Дали барот треба да заврши во рацете на некој близок до ДПМНЕ и коалицијата, ќе видиме за брзо.
По договор во коалицијата на ДПМНЕ, со Зоолошката градина раководи кадар од ПОДЕМ. Ама, испадна дека со локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски, во подем е само катастрофата што ја живее Битола!
 
 
Објавено од А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани