2win800x200

Изобилство од музика и традиција на 17. Локум-фест

Јули 14, 2023

Ближи 17. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2023. Ќе започне на 18.07 на платото на Офицерски дом со промоција на новиот албум на  групата „Баклава“ во 20.30 ч. во Офицерски дом-КИЦ Битола, а вечерта продолжува со Loxandra Ensemble - Λωξάντρα од Грција во 21.30 ч асот. Оваа година за прв пат има Локум фест-ОФФ Програма , првата вечер во Вино бар Буре на Магнолија со Баклава и гостите од Грција.

„Нашата пасија за откривање на традиционалните музички спомени и звуци на конзулска Битола, ни ги носи нашите 'битолчани' од Њујорк, Elias ladino ensemble, а соработката со Државниот архив-одд.Битола ни донесува прекрасна изложба на фотографии од музичкиот живот на битолските евреи. Втората вечер  ја затвораме со познатиот македонско-словенечки мајстор на саксофон Васко Атанасовски и промоција на неговиот албум на балканска музика„Мелем“ со пеачката Добрила Грашеска“, посочија организаторите на фестивалот. 

Дружбата продолжува во Хотел Театар со ладино музика, поезија, закуска, дружба...Последната вечер на 20.07 е резервирана за старата битолска чаршија каде ќе се случува фестивалското „крешендо“.
 
„Ќе се распостелиме покрај пешачката улица крај Драгорот, со ракотворби, локуми, турксо кафе, добра храна и радост...Ќе уживаме во мајсторијата на Вевки Амедов и неговите „Јужни звезди“, славејќи ја ромската култура, а токму оваа вечер ги имаме специјалните гости од партнерскиот фестивал Резонатор од Данска кои со поддршка на MOST music ги имаме во Битола. Групата „Ypek Yolu“ или патот на свилата е харизматична спојка на традиционална анадолска народна музика и фанк фјужн, музика која има една единствена цел-да ве разигра и опушти...Традиционално ќе се дружиме сите три фестивалски вечери со ЗУР Македонски ракотоворби , крушевски и битолски локум, со презентации на рачно изработени производи и секако кафе“, велат организатоприте. 
 
Фестивалот се реализира со средства на Министертсво за култура, Општина Битола, Пред плус фондацијата, Амбасадата на Р.Словенија во Скопје, Генералниот конзулат на Р.Грција во Битола, КИЦ Битола како и бројни пријатели и поддржувачи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани