2win800x200

ДПМНЕ и Поинаку викендов одржале серија тајни состаноци на кои се пазареле за обновување на коалицијата во Советот на Општина

Мај 08, 2023
Изјава на Ивона Трифунов од ОО на СДСМ Битола 
ДПМНЕ и Поинаку викендов одржале серија тајни состаноци на кои се пазареле за обновување на коалицијата во Советот на Општина Битола!
Под покровителство на лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за судбината на Битола се разговарало во позната битолска кафеана, а очевидци тврдат дека средбите поминале во пријателска атмосфера, без разлика на нетрпеливоста што ја демонстрираат во јавноста последниов период ДПМНЕ и Поинаку.
Што договорија ДПМНЕ и Поинаку викендов за да ја продолжат коалицијата?
Што очекуваат ДПМНЕ и Поинаку од Левица во Советот на Општина Битола?
Што ќе даде ДПМНЕ за возврат на поддршката од Поинаку и Левица?
Дали е точно дека на маса биле повторно неколку смени на директори од кои коалиционите партнери на ДПМНЕ, Поинаку не се задоволни како работат?
Какви други отстапки договориле и едните и другите за да ги испеглаат разликите?
Дали со договореното Битола ќе добие функционална локална самоуправа која ќе донесе подобар живот за граѓаните или “купи-ден помини” коалиција?
Што и да договориле ДПМНЕ и Поинаку, повеќе од јасно е дека ќе демантираат било каква средба и пазарење за да ја продолжат коалицијата. Наместо скришно да се среќаваат, овие популисти треба да излезат пред битолчани и јасно да кажат дека се е само глума. Додека го држат Советот во заложништво, одлично функционираат бизнисите и процентите кои ДПМНЕ и Поинаку ги делат од пренамени на земјиште за фотоволтаици. Токму тајните договори на ДПМНЕ и Поинаку ја доведоа Битола во ќорсокак. Кружни текови не помагаат. Или работа или оставки се спасот за Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани