2win800x200

Земјотрес кај Лерин, почувствуван и во Битола

Декември 14, 2022

Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот се случил во 11:29 часот по локално време, односно во 10:29 часот по македонско време и бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала

Населението во Битола и околината утринава околу 10:30 часот почувствувало земјотрес, чиј епицентар, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), е регистриран шест километри источно од Лерин, Грција.

Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот се случил во 11:29 часот по локално време, односно во 10:29 часот по македонско време и бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.

 

Земјотресот бил на длабочина од 20 километри.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани