2win800x200

Зхариевска- Ралевска од СДСМ: Коњановски е градоначалник без визија што ќе изгради во мандатот што му го доверија битолчани

Февруари 03, 2024

Интегрален текст од прес конференцијата на Мирјана Захариевска Ралевска, советник од ДДСМ

 

Градоначалник без визија каков град сака да биде Битола! 

 
Градоначалник без компас што ќе изгради во Битола во мандатот кој граѓаните му го доверија! 
 
Градоначалник кој приоритетите ново училиште, нов спортски комплекс, стационар за бездомни животни...ги замени со рушење гаражи и трафики.
 
Градоначалник кој паркингот кај ЈАТ цела година не можи да го заврши, а паркчето во Нова Битола го прави 20 месеци!
 
Градоначалник кој за две години потроши 70 милиони евра, а врв на “успесите” му е кружен тек кој го парализира градот и кој се рони како стиропорот од Скопје 2014!
 
Градоначалник кој мисли дека слаткоречивоста ќе му помогне да го скрие криминалот за кој обвинителството и полицијата собираат докази! 
 
Градоначалник кој ништо друго не почитува освен советите на својот секретар и на својот партиски лидер.
 
Tоа е Тони Коњановски, потписникот на договорот за 147.000 евра за реконструкција на поранешниот ресторан Парк! 
 
Како советничка група ветивме дека Битола ќе има и велосипедски патеки и реконструиран објект Парк со кој конечно Офицерски ќе биде препознатлива целина. Но, се сомневаме дека Тони Коњановски и неговата екипа ќе ги изградат. Оти ДПМНЕ не е партија која гради, туку која уништува: европски проекти, сообраќајни решенија, јавни претпријатија, училишта, општина. Коњановски како советник гласаше за продажба на Офицерски, сега од Офицерски не можат да го избркаат. Коњановски како градоначалник би го срушил Парк, ама објектот е под заштита. И Офицерски беше ругло пред да го направи СДСМ. И патеките и Парк ќе ги изгради следниот градоначалник на Битола од СДСМ!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани