АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Автобусите на ЈСП Скопје кои беа дадени на припомош во Општина Битола за школскиот превоз, денеска се вклучуваат во сообраќај. Така еден автобус ќе вози за попладневната смена од Ношпал –Новаци кон Битола. Два автобуси ќе бидат вклучени вечерва од 19 и 45 минути и тоа една линија кон Бучин и другиот автобус ќе вози кон Могила и Радобор.
Од Општина Битола информираат дека ова е преземно со цел да им се излезе во пресрет на учениците да не губат настава, бидејќи во вечерните термини нема соодветен општински линиски превоз.
-Користењето на автобусите е решение кое се употребува како привремена мерка, додека не заврши постапката за преговарање со превозниците, која е во тек.Општина Битола има сопствен тендер за нафта и течни горива.Со самата регистрација на возилата и поминат технички преглед, автобусите добиле дозвола за сообраќање.
По усвоените измени на Законот за превоз во патниот сообраќај во Собранието на Р.М., со кој учениците ќе можат да се возат во меѓуопштинскиот и општинскиот линиски превоз, Општина Битола е во постапка на изнаоѓање начини за надминување на негативните состојби со превозот на ученици, стои во информацијата од општина Битола.