2win800x200

ВО БИТОЛА ОД НЕДЕЛА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ СЛАВИ ШЕКСПИР

Јуни 21, 2019

По седми пат на 23 јуни, во недела Народниот театар ќе ги дигне завесите за да отпочне Битола Шекспир фестивалот. За време на шесте фестивалски денови ќе бидат одиграни претстави од Хрватска, Италија, Романија, Шпанија и од нашата земја.

 

Фестивалот се отвора во недела на Голема сцена на НТБ во 20 часот со претставата „Кротењето на фуријата“ на Хрватско народно казалиште од Сплит, а во режија на Иван Плазибат. Претстава го третира проблемот на позицијата на жената во денешното општество преку делото на Шекспир.

На 24 и 25 јуни театарската публика ќе може да ги проследи „Imperfekt dancers Company“ (Несовршени танчери) од Италија со танцовата претстава „Лејди Магбет“ и „ Хамлет“ во режија на Волтер Матеини и Ина Броек. На 26 јуни настапува независната театарска трупа „Nave 73 Theatre“ Мадрид Шпанија која ќе ја изведе претставата „Јулија и Офелија, доживотни самоубиства’’ во режиха Арон Лобато. Претставата го третира родовиот проблем, а женските улоги ги играат мажи.

На 27 јуни на програмата е Унгарски театар од Романија , копродукција со други театари во претставата  „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ во режија на Тапасто Ерно. Фестивалот се затвора со претставата „Крал Иби“ на Драмски театар од Скопје во режија на Васил Христов. Битолска претстава за годинава нема зашто режисерите во годинешната програма не го работат Шекспир.

Фестивалот е поддржан со 1 700 000 денари од Министерство за култура и еден милион денари од Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани