2win800x200

МКЦ организираше донација за бебешко млеко и кашички во Домот за доенчиња во Битола

Јуни 19, 2019

Младинскиот културен центар од Битола, како дел од Коалицијата за борба против гладот и фрлањето храна ја менаџираше донација во бебешко млеко во прав и кашички во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Беа донирани 200 конзерви млеко и 1200 кашички во Домот и кај семејства кои се во социјален ризик, а имаат деца до 2 години. Банката за храна во Македонија ја доби донацијата во млеко во прав, кашички и сокови кои беа донирани низ повеќе градови во земјава, а акцијата за Битола ја организираше МКЦ.

 

На овој начин се обезбеди количина на храна која ги задоволува потребите на децата во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за два месеца.

„ МКЦ Битола како регионален координатор за Битола и околината се погрижи да ја обезбеди дистрибуцијата на дел од таа храна, на таа донација во Битола. Вредноста на донацијата е околу 250.000,00 денари“, изјави Маја Ангеловска од МКЦ Битола.дом

Акцијата беше поддржана од градоначалничката Наташа Петровска.

„Во оваа прилика, несебично, искрено, како логистичка поддршка, Општина Битола, учествува во оваа активност, затоа што во денешницава кога на луѓето, насушно им треба храната, жалосно би било и штета таа да се фрла, наместо да заврши на вистинско место. Навистина се радувам и ќе ги поддржувам во иднина сите субјекти, да иницираат вакви активности, да сите заедно, здружено го подобриме живеењето, условите и можностите на сите граѓани, особено на најмладите“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Млекото за бебиња кое беше донирано е без лактоза, а ваквите активности ќе продолжат во континуитет се со цел подобрување на состојбата кај семејствата во социјален ризик.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани