Webp.net gifmaker

Битолчани бараат билет плус за Фестивалот на музика од светот

Ноември 11, 2019

Центар за култура-Битола е подготвен за 11 издание на меѓународниот Фестивал на музика од светот кој годинава ќе се одржи од 15 до 17 ноември.

Директорката на НУ Центар за култура-Битола Маја Андоновска Илијевски на денешната прес-конфернеција рече дека за фестивалот традиционално постои голем интерес, како за официјалната, така и за дополнителната музичка програма.

-Фестивалот ќе почне со концертот „Танго“ на Хели Сиекинен уметница од Финска која свири на хармоника и бандеон, која веднаш по настапот во Битола заради нејзините бројни ангажмани ќе продолжи со концерти во Германија. Сиекинен е музичар од светски калибар, хармоника учела во Финска, САД и Русија и настапувала на многу светски сцени. Серијалот големи целовечерни концерти на фестивалот во Битола ќе продолжи во сабота навечер со настап на познатата балканска ѕвезда Јелена Томашевиќ која ќе биде придружувана од битолскиот Камерен оркестар, а фестивалот ќе заврши со концерт на оркестарот Џамбо Агушеви и специјалниот гостин Благојче Трајковски, рече Андоновска Илијевски.

Дополнителната фестивалска прграмата ќе се реализира во три битолски кафулиња, каде ќе настапат Ди-џеј Срџан Јаниќијевиќ и познат театарски режисер, Ди-џеј Вишко, Ди-џеј Сашо-рисид, мини концерт со групата „Love itoya“, музичари од Нигерија кои живеат и работаат во Солун, како и настап на групата “Soul Food”.

Година Фестивалот на музика од светот има и нов селектор.

–Тоа е  музичарот Владимир Димовски, вработен во Македонската опера и балет, инаку диригент на Камерниот оркестар од Битола. Фестивалот „Музика од светот” и годинава ќе има офф програма, бидејќи целта ние е Битола за време на фестивалските денови, 24 часа да живее со музиката – истакна Андоновска- Илијевски.

75439282 2809708285740737 8059915402672603136 n

Фестивалот на музика од светот се одржува под покровителство на Министерството за култура и Општина Битола.

А.Б

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани