2win800x200

ОУ „Тодор Ангелевски“се вклучи во меѓународен проект да им помогне на учениците да се подготват за работните места во иднина

Февруари 13, 2019

ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола се вклучи во меѓународен проект „Innovate your dreams-2019“ кој има за цел да им помогне на учениците да разберат и да се подготват за работните места во иднина.

Основач е Khurram Whiz, наставник од Пакистан ,а учествуваат 50 држави, 2000 наставници, 100 000 ученици од целиот свет.

ttttt

Проектот е базиран на популарно истражување кое заклучи дека 65% од децата кои денес посетуваат основно училиште, по завршувањето ќе работат на потполно нови типови на работни места кои се уште не постојат. За време на проектот, ученици од 7-16 години, исто така, ќе учат за индустриите кои ќе бидат создадени во иднина и улогата на технологијата во трансформирањето на светот.

-Не израдува и ни причини големо задоволство што нашето училиште е дел од овој голем меѓународен проект. Се ангажираме максимално со креативни активности да ги исполниме нашите задачи од проeктот и со уште поголема самодоверба и елан ги чекаме новите задачи. Благодарност и до нашите учениции и нивните родители кои несебично придонесуваат за овој голем проект, вели за апла.мк директорката на ОУ „Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева

Координатор на проектот за Македонија е Никола Делевски. Од нашата држава учествуваат 150 наставници меѓу кои  и наставници од О.У. „Тодор Ангелевски“- Битола. Во проектот се вклучени наставниците; Катерина Јончевска, Слаџана Бојаџиева, Бисера Аргинова, Соња Атанасовска, Мирјана Кимева, Тања Марковска, Снежана Темелкова, Снежана Тасевска, Гордана Георгиевски, Нела Петровска, Весна Гагаловска и  Драгана Шерденков.

- Проектот за мене претставува големо освежување во наставната сфера. Поместува граници напред за децата, но и за наставниците. Гледајќи ги останатите проекти се запознаваме со друг начин на работа кој не мотивира и отвора нови видици. Проектот содржи седум задачи и секоја од нив е толку добра осмислена што кај децата веднаш се буди интерес за работа. Темите се за идните професии, Светот во 2030. Идеите за иднината кај децата се неисцрпни. Учениците користејќи ја својата креативност, фантазија ,иновативност, успешно ги завршуваат проектите. Предходно тие анализираат и критички размислуваат што му е потребно на светот денес и како да создадеме подобар свет. Одговори добиваме преку слики, перформанси, песни и различни изработки, кои за момент создаваат магија во училишните клупи. Овој проект нема натпреварувачки карактер и поради тоа имам чувство дека наставниците се ослободени од притисокот да се биде прв. Затоа работата тече природно и секој го дава позитивното од себе. Моите ученици со нетрпение ја очекуваат следната задача, вели наставничката Нела Петровска.

todor 3

Проектот ќе ги изучува 3 од 17-те цели за Одржливиот развој на Обединетите нации опишани во Агендата за одржлив развој од 2030 година (квалитетно образование, достапна и чиста енергија,индустрија, иновации и инфраструктура).

Секоја недела наставниците добиваат по една активност да ја реализираат.

todor4

Весна Гагаловска наставничка во  IV одд.  за проектот вели дека им помага на учениците да разберат и да се подготват за иднината, да ја увидат улогата на технологијата во светот на промените.

-Развиваме комуникација, соработка, критичко размислување и решавање на проблеми, креативност и иновативност, дигитална писменост. Мотивираноста и ангажираноста кај ученицитеи нивните родители е огромна. Задачите кои ги добиваме секоја седмица не натераа да се замислиме.Ја замислуваме иднината, нашата Битола и ние во неа, на светот, во тој нов свет без загадувања. Тоа ќе го направиме ние учениците со користење на нови извори на енергија , со нови начини на нејзино транспортирање и користење, со примена на технологијата, вели Гагаловска.

todor 5

Целите кои треба да се постигнат  по завршувањето на проектот се запознавање со идни кариери, креирање на нова работа за себе, какои вештини потребни за успех во иднина

 -Кога ми беше соопштено за овој проект, без двоумење се вклучив.Кога им кажав на учениците и нивните родители за учеството во овој проект, со задоволство прифатија и со голема посветеност ги реализираме зададените задачи. Со секоја реализирана задача, учениците се подготвуваат за во иднина. При реализирање на задачите кај учениците препознав креативност, критичко размислување,решавање на проблеми, компетентност и взаемна соработка. Благодарение на овој проект, учениците се подлабоко размислуваат за проблемите со кои се соочуваме и даваат решенија на тие проблеми со тоа што измислуваат нивни професии кои би ги работеле во иднина со цел да ги решат тие проблеми, изјави Драгана Шерденков, одделенски наставник.

todor 6

todor 7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани