Webp.net gifmaker

За две години преполовен бројот на повреди на работни места во РЕК

Октомври 26, 2018

Тренд на намалување бележи бројот на повреди на работни места во РЕК ,,Битола", беше истакнато при денешното одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа. Годинава евидентирани се 70 повреди на работно место, а пред две години биле 120. 

 

,,Иако до крајот на годината остануваат два месеца, трендот на намалување на бројот на повреди при работа во РЕК во споредба со претходните години е очигледен. Во целата 2017 година биле регистрирани 88 повреди на работно место, годинава до денес во РЕК  забележани се 70 повреди на работни места. Во споредба пак со 2016 година, годинава заклучно со октомври, бројот на повреди е преполовен,   -120 во 2016, 70 до ноември 2018-та", рече Пеце Матевски, раководител на Службата за техничка сигурност во РЕК. 
Кире Климевски претседател на Здружението за заштита при работа рече дека се прават редовни контроли во РЕК за тоа дали се обезбедени мерки за заштита на вработените, но и дали работниците ги почитуваат пропишаните правила и носат заштитна опрема. 
,,Се прави проценка на ризик на работното место со сите опасности и штетности. Потоа следуваат обуки, здравствени прегледи и доусовршувања. Тоа го почитува раководството на РЕК. Од наша страна нон-стоп има контроли, правиме и дежурства во трета смена  со цел да се намалат повредите во фирмата", рече Климевски. 
Најчесто повредите настанувале од невнимание на човечки фактор. 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани