2win800x200

Дека улицата „Васко Карангелевски“ во Битола  е една од сообраќајните црни точки во градот, потврдуваат и  статистичките податоци на СВР Битола. Во периодот од 2003 до 2015 година на оваа улица потешко и полесно се повредени 38 пешаци, од кој голем број се деца. Речиси е невозможно безбедно да се помине улицата на пешачкиот премин кој води кон основото училиште „Елпида Караманди“, но и кон Дневниот центар за лица со пречки во развојот.

Семафорот во близина на Гроздот во центарот на Битола, денеска попладнево делеше црвени срциња. На  семафорот автомобилите застануваа на црвено срце, наместо црвен круг . Овој невообичаен знак го забележаа многумина, оценувајќи го како креативен чин и добра намера која шири позитивна енергија. Многумина од минувачите „вљубениот семафор“ ги асоцираше  на 14 февруари  Денот на вљубените, но и на некој добар гест на вљубен битолчанец.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани