АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО СОВЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Цел на Советот за поддршка на женското претприемништво на општина Битола е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачки во општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања од интерес на женското претприемништво и родовата рамноправност, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачки и економско зајакнување на жените.
Советот за поддршка на женското претприемништво на општина Битола ќе има за цел:
На Јавниот повик може да учествуваат сите заинтересирани физички лица, претставници од бизнис сектор, претставници од образовен сектор, претставници од невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти кои работат во областа на на женските права, родова еднаквост и економско зајакнување на жените.
Повеќе информации за повикот може да прочитате на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/09/20230911121855007.pdf
Со поставување на пристапни патеки, посебен лифт- платформа за инвалидски колички и тоалет приспособен за лицата со физичка попреченост по најнови светски стандарди, во Општина Битола целосно им е овозможена достапност на услугите на лицата од оваа категорија, како и можноста да работат во установата.
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска мобилниот телефон „Ајфон“ што го добила како вработена во Општина Битола, од бившата власт, и по седум месеци од заминувањето од општинската администрација не го вратила назат. „Ајфонот“ денеска на Совет го побара градоначалничката Наташа Петровска и ја повика советничката што побрзо да се раздолжи.