2win800x200

Во Битола за прв пат на 15 септември ќе се одржи “Трчај Бе”, трката на 5 и 10 километри низ улиците на нашиот град. Почетокот е закажан од 09:00 часот на Плоштадот Магнолија.

За таа цел изготвен е сообраќаен проект за посебен сообраќаен режим и издадена е согласност од Општина Битола, како и одобрение бр. 12.1.5/2280/2 од 12.09.2019 година на МВР - СВР Битола.

Посебниот сообраќаен режим ќе започне во недела 15.09.2019 година во 07:00 и ќе трае до 12:00 истиот ден. За тоа време улиците - Булевар 1-ви Мај (од страна на музичкото училиште - до Црн Мост и од страна на Општината до Безистенот), ул. Добривое Радосављевиќ (кај стаклената зграда и зграда Грозд) ул. Никола Тесла (кај Скопска пивара) ул. Михајло Бојаџиев, ул. Димо Хаџи Попов (помеѓу Офицерски дом и Аероклуб) како и градското шеталиште и цела улица Широк Сокак ќе бидат затворени за сообраќај.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани