Креативни умови од О.У. „Коле Канински“ - Битола во литературното дело „Што ако...?“

Мај 25, 2021

Сите големи значајни активности почнуваат со прашањето: „Што ако?“

Што ако можевме да патуваме низ времето? Или да одиме во вселената? Што ако можеме да го промениме светот кога би пораснале? Што ако реалноста е само креација на нашиот ум? Што ако немаше училиште? Што ако престаневме да користиме фосилни горива или ако сите луѓе зборувавме на ист јазик или како светот на малите работи ќе изгледаше многу поинаков од светот на големите работи?

Ова е книгата во која зедоа учество креативните умови на деветтодделенците: Душица Наумовска 9-1 одд., Ангела Мешеска 9-2 одд.,Јован Стојанов и Илијана Питошка 9-4 одделение при О.У. „Коле Канински“ – Битола под менторство на наставничките Весна Баковска и Ирена Богданоска.

sto ako 26

Учество во книгата имаат  ученици од многу земји од светот меѓу кои и ученици од 4 училишта од нашата држава на возраст од 12-15 години и нивниот начин на размислување како би го промениле светот под авторство на американските социјални и едукативни претприемачи Мет Мури и Ендрју Мекхју.

Книгата „Што ако?“ Не ви кажува што да мислите туку бара од вас да размислувате со своја глава. Нејзината мисија е да поттикнува љубопитност и истражување од областа на природните науки и секојдневниот живот. Со книгата ќе поставувате прашања се додека конечно не ги претворите своите идеи во активност- отварајќи прозорци кон светови за кои не сте ни знаеле дека постојат. Директорот на училиштето Зоран Мирчевски и зам.директор Лидија Недановска им честитаа на учениците за постигнатиот успех  и им посакаа успех во понатамошното образование.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани