2win800x200

Битолската болница се враќа во вообичаен режим на работа

Мај 19, 2021

Со намалување на бројот на новозаболени  и  хоспитализирани, се затвораат одделите во  Регионалниот КОВИД центар во Битола. Клиничката болница во Битола се враќа  во редовна работа.

 Најпрво се затвори КОВИД центарот во  одделението за  физикална медицина, а сега  е затворена и Модуларната болница. Во функција останува Инфективното одделение каде вкупно се хоспитализирани 28 пациенти. Најголем дел од лекарите специјалисти и останатиот медицински персонал се враќаат во своите матични одделенија.

-Сите лекари специјалисти  и специјализанти кои што помагаа во тие делови веќе се распределени во сопствените одделенија и болницата засега започнува во нормален режим на функционирања. Ќе се започне со редовните оперативни програми онаму каде беа укинати, редовните прегледи. Иако најмногу оптоварено беше интерното одделение, затоа што многу од лекарите беа повлечени, дел од интернистите остануваат во КОВИД центарот,  изјави Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола. 

Се намалува притисокот и во амбулантите. Сепак лекарите стравуваат дека ќе има благо покачување на бројките

-Намален е и притисокот во двете амбуланти, тријажната и инфектолошката амбуланта. Се надевам дека оваа тенденција ќе продолжи, иако очекуваме лесно зголемување на бројките после празниците, но се надеваме дека тоа ќе биде во некоја нормала, вели Гагaчовска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани