2win800x200

На денешен ден загина народниот херој Вангел Мајорот

Април 10, 2021

На денешен ден, 10 април 1942, во Битола загина Вангел Наумов ТОДОРОВСКИ-Мајорот, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

По професија беше берберски работник. Роден е Битола во 1920 г. Активист на прокомунистичките синдикати со кои учествуваше во низа протести и штрајкови.. Беше активен член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ во Битола, а од 1940 г. и член на Комунисти;ката партија на Југославија (КПЈ). Поради комунистичката дејност, повеќе пати е апсен и затворан од српската окупаторска полиција.

По бугарската фашистичка окупација на Македонија се илегализираше и работеше во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Битола. При обид од бугарските власти да го уапсат, го уби полицискиот началник Петар Стојчев, по што, за да не падне жив во непријателски раце, се самоуби.

Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 август 1952 г.

 

 

подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани