2win800x200

Битолчани даруваат крвна плазма и се солидаризираат со своите сограѓани кои се борат со коронавирусот

Март 31, 2021

Владимир Баљари е битолчанец кој денес даруваше крвна плазама и покажа хуманост  да помогне на пациентите кои во моментот се борат со КОВИД-19. Тој ги повика сите оние кои го прележале вирусот и можат да даруваат плазма, да им помогнат на нашите сограѓани. 

-Пред неколку дена на социјалните мрежи видов оглас за битолчанец заболен од КОВИД-19 со иста крвнс група како мојата, А-, за кој се бара крвна плазма. Се јавив на телефонот кој беше оставен во огласот, а по разговорот со него, ме контактираа од Трансфузиологија. Денеска бев и дарував плазма. Не знам кога и каде се заразив, затоа што немав симптоми, но неодамна се тестирав за да видм дали имам антитела. Тестот покажа дека сум го прележал вирусот. Првпат дарувам плазма и одлучив да помогнам таму каде што е потребно. Апелирам тоа да го сторат и останатите кои ја прележале болеста и се во можност да даруваат. Постпаката е многу едноставна и трае неколку минути, вели Владимир.

Во крвната плазма на лицето кое оздравело од COVID-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.

Таа се користи за лекување на заболените од COVID-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.

Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите Ebola и SARS.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани