2win800x200

Со едукативна трибина одбележан Светскиот ден на социјалната правда

Февруари 21, 2018

Со едукативна трибина во орагнизација на Центарот за европски развој и интеграции, Здружението за одржлив развој СФЕРА Македонија- Битола, „Сумнал“-здружение за развој на ромската заедница и Организацијата на жени од Битола, беше одбележан Денот на социјланата правда-20 февруари. Целта на оваа трибина е да се актуелизира потребата за суштинска борба против сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста и општествената маргинализираност , и да се подигне степенот на информираност но и ангажираност на граѓаните за остварувањето на принципите на социјална правда кои се предуслов за просперитетно и хумано општество.

-Живееме во општество во кое има насушна потреба од разговор за еден многу значаен принцип на општесвеното функционирање, а тоа принципот на социјална правда. ЦЕРИ четврта година по ред го реализира проектот Школа за лидерство и кариерен развој „Политеа“, а една од целите е кај младите луѓе да се разбуди свеста за социјална правда и свеста дека општетсвото е онакво какво што ќе го напраиме ние, рече во воведното излагање Диоген Хаџи Коста Милевски, основач на ЦЕРИ

На трибината учествуваа повеќе EVS волонтери од Португалија, Романија, Турција и Шпанија кои ги пренесоа искуствата за степенот на реализиација на социјалните права, борбата за социјална правда и еднаквост во нивните држави.

Претставничката на Организација на жени на Општина Битола, се осврна на проблемите со кои се соочуваат граѓаните од  социјален ризик.

-Социјалната правда е чувствителна тема која ги засега сите граѓани во едно општетсво. Сакам да укажам на некои права кои што ги имаат граѓаните од социјалнен ризик, но прашање е колку ги искористуваат и колку имаат можност да ги искористат. Законот за социјална заштита опфаќа неколку категории граѓани, деца без родители, самохрани мајки, социјлани семејства со посеби потреби и др. Но, овие граѓани многу тешко доаѓаат до своите права, иако ги исполнуваат критериумите. Организација на жени работи еден проект со кој ќе ги обучиме самохраните мајки како подобро да се снајдат во општеството, за да можат да испливаат од овој социјален ризик. Сметам дека општеството има обврска да се грижи за овие категории граѓани и да им помогне да обезбедат основни услови за живот, рече Виолета Стојановска, од Организација на жени-Битола.

Настанот се одржа под покровителство на НУ УБ „Св. Климент Охридски“-Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани