2win800x200

На денешен ден во село Лавци е родена Фана Кочовска, најмладиот народен херој во некогашна СФРЈ

Јули 27, 2020

На денешен ден, 27 јули 1927 година, во селото Лавци, Битолско, е родена ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, најмлад народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Со неполни петнаесет години во 1941 г. е активна во илегалното антиокупаторско движење, односно е младинска активистка и член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ. Од крајот на 1941 година во илегалство.

Од ноември 1942 година борец во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Подоцна младински раководител во Баталјонот „Стив Наумов“ и учествува во славниот Февруарски поход. Во време на Пролетната офанзива 1944 година во борбите околу Злетово е ранета. Се бори против бугарско-германските фашистички окупатори и во составот на Третата и Седмата народноослободителна ударна бригада. Член на Главниот одбор на младинската комунистичка организација на Македонија.

По ослободувањето на земјата од фашистичките окупатори врши високи општествени и државни функции. Меѓу останатото: иницијатор и организатор на младинската културно-просветна манифестација „Курирче“; пратеник во Народното собрание на Македонија и во Народното собрание на Југославија; член на Обласниот комитет на Младинсклата организација во Битола; член на Централниот комите на Народната младина на Македонија; претседател на секцијата на жените-задругари на Македонија; член на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија и Југославија; член на постојаниот дел на Конференцијата на Сојузот на комунистите на Југославија, а на Десетиот конгрес на СКЈ  е избрана за член на Централниот комитет. Носител на „Партизанска споменица 1941“. Прогласена за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година. Почина во Скопје на 17 април 2004 година.

 

подготвил: д-р  Александар Литовски, истотичар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани