(фото) Лутите политички противници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ случајно се сретнаа за време на кампањата и срдечно се отпоздравија

Јули 02, 2020

Слика каква ретко може да се видим меѓу македонските политичари, без при тоа да се наместат  и да позираат пред фоторепортерите. За време на изборната кампања во Битола, деновие во паркот кај Сатот случајно се сретнаа претставници на најголемите политички ривали, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ,  и срдечно се отпоздравија, при тоа почитувајќи ги препораките. Фотографите и снимателите веднаш се фатија за работа, да ги овековечат ваквите ретко моменти.

Двата табора покажаа европски манири, пријдоа едни на други, се отпоздравија со познатиот поздрав  во услови на корона пандемија. На оваа недоговорена средба беа  кандидатите за пратеници во 5 ИЕ од Битола и нивните блиски соработници. 

Едните дојдоа на закажана прес конференција со медиумите, другите пак оваа убава локација ја искористија за снимање промотивни изборни материјали.

Кога новинарските екипи  стигнаа на договореното место за изјави каде беа поканети од СДСМ, се уше ги немаше оние што не повикаа, но таму ги затекнавме политичарите од ВМРО-ДПМНЕ, па шеговто ги запрашавме претставниците на СДСМ дали ги поканија медиумите во името на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, лутите политичи противници, кои често ги гледаме како си опонираат едни со други на прес конфернеции, од советничката говорница, на дебатни емисии, сега ги видовме во едно поинакво светло, со срдечен поздав.

 

Фото: Горан Петровски-фотостудио ПИНК

 

83790521 901874863647401 1111626171265370108 n

105900810 745169482973964 2822456970631192171 n

106040441 270041314091000 7564582351822656747 n

106250039 403110240609310 6962599345886896382 n

106302552 204072970856563 7356950539361345530 n

106359842 601620033794532 5117007809087246910 n

106360965 916037345487795 7747105731268561356 n

106476573 783451605522724 400221706161950559 n

106487360 263620521600510 1952052433096260212 n

106543969 311700233198647 26886861100699517 n

107005631 2818763871566467 1124979665211615794 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани