2win800x200

Се гради базенот кај училиштето "Даме Груев" (фото)

Јуни 12, 2020

 Во тек се градежните активности за изградба на покриен базен во дворот на ОУ „Даме Груев“ во Битола. Увид во работите денеска извршија градоначалничката Наташа Петровска со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

-Сериозно се инвестира во инфраструктурата во спортот во Битола, а  за изградба на базенот Агенцијата за млади и спорт вложува 43 милиони денари. Стадионот ни е еден од капиталните инвестиции во кој од доаѓањето на оваа власт се вложени 1,6 милиони евра. Имаме градежни зафати во Кугланата, во низа образовни институции кои се инвестирани од буџетот на Општината во висина од над 127 000 евра. Тоа покажува дека во општината има сериозно поместување во делот на обезбедување на инфраструктурни услови за спортот во нашиот град, а ги помагаме и спортските клубови. Досега се исплатени 1,3 милиони евра за поддршка на спортските клубови.кога тоа ќе се собере со сумата за инфраструктура се добива сума од над 3 до 4 милиони евра за областа спорт", изјва Перовска.
 
Базенот ќе овозможи нова можност за спортска активност во текот на целата година за учениците, а во попладневните часови и слободните термини и за граѓаните. 
 
Каевски пак напомена дека од  партнерството меѓу локалната и централната власт најмногу придобивки имаат граѓаните.
 
-Покрај тоа што сме во услови на пандемија, се градат капитални спортски објекти во Битола. Со покриениот базен најмногу придобивки ќе имаат најмладите, но и рекретаивците, а ќе се згоеми и капацитетот за спортски активности во градот.
 
Рокот за изведба на покриениот базен е 18  месеци, односно краен датум е до крајот на следната година, но Каевски напомена дека ќе се направат напори да се стави во функција порано.
 

received 1123131131399925

received 705346560039301

received 261549655084221

 received 255461499043778

received 734804743996243

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани