2win800x200

Убаво е да се фотографира Големо Езеро на пролет кога мразот се топи, вели фотографот Ставрев

Април 23, 2020

Националниот парк „Пелистер“ на својата фејсбук страница објави прекрасни фотографии од Големо Езеро на Пелистер направени од познатиот битолски фотограф Петар Ставрев.  Во услови кога важи забраната за движење во шума, барем преку фотографија да можеме да уживаме во оваа безвременска убавина. 

Ставрев за Апла.мк вели дека Големото Езеро досега го фотографирал безброј пати, во секакви временски прилики и во сите годишни времиња. 

 

„Сум го фотографирал и на Нова година, а најголем спомен ми остана на 16 јануари кога од студ се беше замрзнато, а на враќање за назад ако не оставав белези кога се качував, немаше да можам да слезам, ќе го загубев патот. Ама љубовта кон Пелистер и природата толку ме приувлекуваат што понекогаш не мислам на опасностите. Езерото е најинтересно да се фотографира на пролет кога почнува замрзнатата вода да се топи, прво од средината , па кон краевите. А најубаво е да се фотографира во јуни кога има цвеќиња околу него“, рече Ставрев. 

Ж.З. 93936767 1350800448451843 6153112809883303936 n

Фото фб страница Национален парк Пелистер 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани