Хуманитарна акција за настраданите во земјотресот во Албанија започнува Организацијата на жени од Битола

Ноември 28, 2019

Организацијата на жени од Битола од понеделник започнува хуманитарна  акција со која ќе им се помогне на луѓето кои останаа без својот дом во подрачјето погодено од земјотресот во Албанија. Претседателкта на Организацијата на жени од Битола, Светлана Петковска,  на својот ФБ профил објави распоред кога сите заинтересирани можат да достават облека и храна

„За сите кои се заинтересирани да донираат алишта и храна за настраданите во земјотресот во Албанија, Организацијата на жени организира собирна акција во просториите на КУЌАТА НА ЧЕСНИТЕ СЕСТРИ ВО БИТОЛА, спроти Пелагонка 2, во деновите:


-ПОНЕДЕЛНИК 02.12. од 16-18 часот
-ВТОРНИК 03.12 од 16-18 часот
-СРЕДА 04.12 од 16-18 часот
-САБОТА 07.12 од 12-14 часот

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=3TkmyfAfxC4&feature=youtu.be{/YouTube}

 

Членки на Организација на жени Битола ќе бидат дежурни во овие термини да ги примаат донациите.
Благодарни однапред, напиша Петковска

Вечерва пак, членовите на тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои веќе три дена учествуваат во спасувачките акции во настраданото подрачје, на социјалните мрежи објавија видео  на кое се гледа дека во Драч врне силен дожд, што доплнително ја отежнува потрагата, но и животот на луѓето кои останаа без покрив над главата. Временските услови нека бидат дополнителен мотив да ја покажеме хуманоста и да помогнеме.

Е.М.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани