2win800x200

На денешен ден роден е Пецо Гудовски

Март 03, 2019
На денешен ден, 3 март 1920 година, во селото Лавци, Битолско, роден е Пецо Гудовски.
 
Основно образование завршува во селското училиште но поради сиромаштијата од својата 16 година работи во селското училиште како служител .Тука започнуваат неговите први активности и контакти со селскиот учител Тодор Ангелевски Тошо Даскалот Строгов.
 
Веќе во 1941 година станува член на  СКОЈ како напреден младинец.  Со доаѓањето на бугарскиот окупатор заедно со Тодор Ангелевски има големи заслуги за организирање на СКОЕВСКИТЕ групи и формирање на партиска организација како и подготовка за формирање на првиот партизански одред,, ПЕЛИСТЕР".
 
Со разбивањето на првиот партизански одред ,,ПЕЛИСТЕР" во 1942 година, на 2 мај, е апсен од бугарската полиција и ставен во затвор под сомнение дека одржува врски со Тошо Дакалот каде е измачуван повеќе од 40 дена. Се враќа на работа во селското училиште што му овозможува да продолжи  со партиска работота.
 
  Во Април 1943 заминува во партизани, првите денови во одредот ,,ДАМЕ ГРУЕВ", а потоа во одредот ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ". Со одредот ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" учествува во борбите во Егејска Македонија и Преспа.
 
Со формирање на батаљонот ,,СТИВ НАУМОВ" одредот ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" влегува во негов состав за покасно да се формира ПРВАТА МАКЕДОНСКО КОСОВСКА БРИГАДА во чиј состав влегува и батаљонот ,,СТИВ НАУМОВ"  и учествува во борбите во Егејска Македонија, во борбите кај Кочани и Куманово каде на 26.02.1944 се формира III- ТА македонска ударна бригада каде беше поставен за заменик командант на батаљонот.
 
  На 22 Август 1944 година се формира VII-та Македонска ударна бригада наречена Битолска каде најпрво е поставен за заменик командант за после 25 дена од формирањето да биде командант на бригадата се до нејзино реорганизирање во 02 месец 1945г.
 
Како командант на II-рата Бригада во Фебруари 1945 година заминува за Сремскиот Фронт се до АПРИЛ 1945 година.
 
  После ослободувањето завршува воена академија во Сараево и  завршува други воени школи, обуки и курсеви за потребите на службата  во ЈНА
 
 Од 1946 се до 1956 година се наоѓа на разни должности во ЈНА. Од таму си заминува со чин Мајор за да достигни до чин полковник во резервниот состав на армијата.
 
Од    1956 година извршува важни функции во граѓанството. Беше претседстел на Општина ДИХОВО , активен член на општествено политичките организации, претседател на Сојуз на резервни воени старешини, Претседател на Титов фонд Битола, претседател на  Сојуз на борци Битола и долгогодишен началник на одделението за Народна одбрана Битола.
 
Носител е на многубројни одликувања и признанија мегу кои ПАРТИЗАНСКА СПОМЕНИЦА 1941 ГОДИНА, ОРДЕН ЗАСЛУГИ ЗА НАРОД СО ЗЛАТНА ЗВЕЗДА, ОРДЕН НАРОДНА АРМИЈА СО ЗЛАТНА ЗВЕЗДА, ОРДЕН ЗАСЛУГИ ЗА НАРОД СО СРЕБРЕНА ЗВЕЗДА, ОРДЕН БРАТСТВО И ЕДИНСТВО, ОРДЕН ЗА ХРАБРОСТ И МНОГУ ДРУГИ.
 
Почина на 14-08-2005 година во Битола.
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани