МЛАДИ ГО СРЕДИЈА ЧИКМАЧЕТО КАЈ БЕЛА ЧЕШМА ДА ПОКАЖАТ ДЕКА НЕ ПИЈАТ ПО ЦЕЛ ДЕН КАФЕ НА ШИРОК СОКАК

Октомври 19, 2018

„Наместо да пиеме кафе на Широк Сокак и кажано по битолски да скитаме (шетаме), се фативме за работа да го средиме чикмачето (сокаче) кај Бела Чешма да ни биде убаво и ние тука да доаѓаме, да се дружиме“, рече Надица Коловска, средношколка од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

Таа е дел од  групата предводена од Младинската невладина организација „Форум 16“ што си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак.

 

“Лани ОБСЕ формира работна група од граѓански асоцијации кои требаше да работата на идентификување на гласини. Гласините креираат стереотипи, дискриминации и можат да доведат до говор на омраза. Не интересираа негативните стереотипи кои се однесуваат на младите. Младите беа идентификувани како мрзливи, апатични, неработливи токму затоа што сите овие години циркулираат гласини дека младите се постојанојано на интернет, постојано пијат кафе на Широк Сокак“, рече Наташа Чавдаровска, претседател на НВО „Форум 16“.

За да се разбијат овие стереотипи и да се престани со генерализација на работите, оваа младинска организација спороведе кампања „Гласно сокаче- будно чикмаче“ во која се зафати да го уреди урбаниот простор кај месноста нарече Бела Чешма во Битола. Ова е сокаче  кое како собиралиште на битолчани во минатото е опеано во повеќе песни за Битола, а во поново време беше запуштено.  

Во уредувањето им се придружија и повозрасните жители од околните маала, а утре заедно ќе се дружат и ќе одиграат и некоја партија бељот.

„Ќе организираме и интерактивни работилници, ќе се вклучат ученици од училиштата ‘Тодор Ангелевски’ и ‘Даме Груев’ да нацртаат како Бела Чешма изгледа во нивните очи.  Ќе бидат организирани и друштвени игри, бељот, младите да научат од пострите како се игра бељот, а можеби и старите да поднаучат некоја финта од младите поради тоа што имаме информации дека  и тоа како се игра бељот на училиште на одмори. Целта меѓу другото е и да се развие  меѓугенерацискиот дијалог“, рече Чавдаровска. 44259760 298393297428277 4397622172630122496 n

44292614 475462319642505 6267939855758524416 n

44324960 2082880291768800 5424283192196595712 n

44315868 2282334441807836 8983492177728372736 n

44505644 1996306683749288 1016114972184281088 n

44302806 271097346944783 3491503258516586496 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани