Шо рече

Битола вчера вечер била повеќе загадена од Новаци иако на нејзина територија е комбинатот „РЕК“ Битола. Ова го покажаа податоците од деветтиот сезнор што го постави Платформата „Земи здив“ за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола. Деветтиот сензор е поставен на фасадата од општинската зграда во Новаци оддалечена на 2 километри од РЕК, а во Битола на различни локации се поставени осум други мерачи на квалитетот на воздухот од „Земи Здив“.

Наташа Илиева, професор по англиски јазик е поставена за нов директор на Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Билјана Кокалевска, која на чело на училиштето беше во изминатите две години.

Горан Милевски лидерот на Либерално-демократската партија на Македонија во Битола на денешната трибина „Размислувај различно-либерално кон Европа“ упати силни пораки за Битола отворајќи ги проблемите кои го тиштат  градот при тоа нудејќи и решенија како партија и од позиција на министер за локална самоуправа.

Загадениот воздух

Моника Стојчевска, дипломиран правник, вработена во Центарот за социјални работи во Битола, е новиот в.д. директор на оваа институција, дознава Апла.мк. Стојчевска  е назначена на местото на досегашната директорка Сузана Вељановска со мандат од шест месеци.

Ж.З. 

Република Албанија отвори Почесен конзулат во градот на конзулите, Битола. Ова е тринаесетти конзулат што се отвора во новата битолска историја. Конзулатот е сместен на Широк Сокак каде што се наоѓаат и дел од другите конзулати,а за почесен конзул е назначен Имер Селмани, поранешнен вицепремиер и екс министер за здравство, како и кандидат за претседател во 2009 година од партијата Нова демократија кога беше наречен и македонски Обама зашто покрај Албанците привлече и македонски гласачи.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски уверува дека нема да се гради депонија за  Југозападниот регион во Битола. Тој потврдува дека за ова прашање кое денеска внесе вознемиреност меѓу битолчани разговарал и добил потврда  од премиерот Зоран Заев.

Првиот човек на РЕК-Битола Златко Ќурчиевски ги оквалификува како конфузни и манипулативни  обвинувањата  за РЕК Битола од  членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска.

Ќурчиевски јавно и отворено одговори на обвинувањата иако како што рече бил во недоумица дали се работи за шега или сериозна изјава.  

Утре во 18 часот во Завод и музеј Битола ќе биде промовирана фото-монографијата „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ чиј автор е неговата ќерка, новинарката Данка Јанковска. Организатор на промоцијата е Општинскиот одбор на Сојузот на бораци од Битола.

Во денешните учебници ги нема како порано илустрациите од антифашистичката Народно ослободителна борба (НОБ) нацртани од умешните раце на големиот македонски ликовен уметник и партизан Тоде Ивановски (1924-2005) од Битола. Критичарите велат дека со една линија со молив или туш знаел да наслика цела композиција, па и битка од НОБ. Генерации израснаа гледајќи ги неговите цртежи во учебниците по македонски јазик и историја. Неговите цртежи од НОБ беа едни од најзастапените во учебниците и лектирите.

На 17 октомври во далечната 1944 година група хумани жени, полни со ентузијазам и верба дека ќе го променат светот на подобро, го формираа битолскиот одбор на Антифашистичкиот сојуз на жените на Македонија. На чело на групата беше Анча Ристевска, голем активист за човекови права, а и се придружиле Вангелика Поповска од Бистрица, Даница Хаџипопова и Константина Пулевска од Битола.

Инвестирањето во наука и општо во образованието се капитална инвестиција, а не јавна потрошувачка, порача проректорот за настава на Универзистетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, проф. д-р Игор Неделковски. Пораката ја упати на Меѓународниот ден на науката, признавајќи дека не само кај нас, туку и во други држави од опкружувањето, па и поразвиени земји науката е на маргините.

Македонија не може баш да се пофали со добиени предмети пред Европскиот суд за човекови права и тоа е негативен индикатор. Правосудството во Република Македонија треба да доживее сериозни реформи и редефинирање, изјави Горан Илиќ, декан на Правниот факултет во Битола одговарајќи на новинарско прашање како функционира Европскиот суд за човекови права во однос на Македонија.

А.Б

Светнаа паметните венецијанерки на младите иноватори од Основното училиште „Даме Груев“ со кои минатата година станаа победници на програмата „Предизвик за млади истражувачи“ и добија гранд од Фондот за иноваци и технолошки развој. Учениците Андреј Јовановски, Христијан Николовски и Михаил Јанакиевски предводени од наставничката по физика и ментор Валентина Степановска Андонова денес го презентираа својот изум на настанот „Млади истражувачи“ што по повод Месецот на науката се одржа во НУБ „Климент Охридски“ во Битола.

Советничката од СДСМ Жаклина Наумовска и секретар на Општинската организација на партијата во Битола на денешната прес конференција се осврна на подобрените услови за дијагностицирање и лекување на пацинетите со карцином во Битола.

„Во Клиничката болница во Битола беше пуштен во употреба новиот дигитален мамограф, обезбеден преку проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020). Новиот дигитален мамограф е достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во Битолскиот Регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја“, рече Наумовска.

Отворен е Центар за дојка во Клиничката болница во Битола каде денес во употреба беше пуштен најсовремен мамограф за скининг на карцином на дојка. Во Центарот може да се направи и магнетна резонанса и ехо дијагхностика кај пацинетите на само од Битола, туку од Југозападниот регион, со што тие добиваат прецизна дијагностика.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани