2win800x200

За да не бидат обележани луѓето не кажуваат дека имаат ковид-19 и на доктор доаѓаат доцна, вели инфектологот Ели Димитровска

Ноември 17, 2020

Ковид центарот во Битола секојдневно води беспоштедна и макотрпна борба за спас на пацинетите заразени со ковид-19. Секојдневно бројот на пацинети со тешка и вонредно тешка клиничка слика на болеста расти. Хоспитализирани се 83 пацинети, со што капацитетот е исполнет. Подготвен е Одделот за физикална медицина кој во текот на оваа недела треба да се отвори и да почне да згрижува пацинети, рече на денешната прес конференција д-р Ели Димитровска, специјалист инфектолог од Ковид центарот при Клиничката болница во Битола и член на Комисијата за здравство при СДСМ Битола.

„Ние сме регионален центар згрижуваме пацинети од цел Југозападен Регион. Сега сме во една незавидна ситуација и во состојба кога и ќе мораме да одбиваме пациенти за прием, но во завршна фаза се подготовските на физикално одделение каде ќе се згрижуваат пацинети. Ќе се формираат екипи кои ќе ги предводи инфектолог, ќе има ротација на пресонал од одделението за интерна медицина, за анестезија и реанимација, по потреба ако овој бран продолжи со ваков капацитет да се развива и од другите служби“, рече Димитровска.

Бројката на пациенти кои бараат спас во Ковид центарот на дневна основа е двоцифрена. Завчера примиле 13 пацинети, а вчера 19. Медицинскиот кадар работи во 24 часовни смени, некогаш без пауза и без одмор, па целиот персонал е психо-физички е на работ на силите.

„Во Ковид центарот во Битола сите пацинети се со тешка клиничка слика, со масивни бронхопневмонии. Нашите пацинети скоро немаат ни плуќа, пациентите не дишат спонтано и немаат ни бели дробовои затоа им е потребна парменентно кислородна поддршка. Се преземаат сите мерки за да им се помогне на пациентите. Затоа треба да сфатиме дека вирусот е тука помеѓу нас и дека сите со своето однесување треба да придонесеме да го победиме и да си го вратиме животот како порано“, рече Димитровска.

Во Битола бројот на активни случаи се искачи на 731, а досега 58 ја изгубија битката за живот. Повеќе од половината смртни случаи од ковид-19 се од овој месец. Димитровска запрашана на што се должи големата смртност овој месец вели дека тоа се претежно пацинети со коморбидитети, а некои и многу доцна се јавуваат на лекар.

„Оние кои се повозрасни имаат коморбидитети или имаат дијабет, некој хронична срцева слабост, хипертензија, малигна болест или хронична белодробна болест. Сите се со коморбидитети, тоа е фактор еден за смртноста. Другиот фактор е неневременото доаѓање кај нас. Не знаеме зошто, но за да не бидат обележани тие избегнуваат да кажат дека имаат ковид. Иако имаме паценти кои биле тестирани, бил добиен позитивен дијагностички тест, но од за нас непознати причини не се јавуваат на лекар навремено. Остануваат дома и до десетиот ден и кога ќе видат дека веќе не можат да дишат во така фаза ни доаѓаат“, рече докторката.

Димитровска излезе на прес конференција за на граѓаните уште еднаш да им бидат соопштени детали отколу болеста откако деновиве СДСМ Битола спроведе анкета во која дел од испитаниците одговорија дека имаат недоволно познавање за симптомите типични за ковид 19 и каде да се обратат.

„Основни симптоми кои сугерираат на корона вирус се: треска, покачена температура, гушоболка, малаксаност, болки по телото, сувонадразнителна кашлица, коњуктивитис, осип по кожата, менување на бојата на оделни делови од кожата, тешко дишење што е многу тежок и алармантен синдром. Доколку некои од луѓето почувствуваат некои од овие симптоми веднаш да се јават кај матичниот доктор, а тој понатаму ќе се грижи за нив и ќе ги упатува според протоколите. Филипче уште на почетокот на пандемијата го кажа светото тројство за заштита. Со правилно носење на заштитна маска се штитиме себеси од инфекција, но и сите оние кои доаѓаат во контакт со нас. Најбитно е маската да се носи правилно преку носот и устата, да не се допира со раце, да не се носи на главата, на брадата или како ракавица на рацете“, рече Димитровска.

Се препорачува често миење на рацете и физичка дистанца, одржување растојание од две метри.

„ Да не се групираме, посебно кога е ладно времето групирањето во затворен простор е погубно, тогаш вирусот најмногу се шири. Ги сака затворените простории, сака масовност и тогаш напаѓа. Да избегнуваме семејни групирања, да не одиме на слави, свадби, крштевки, масовно на погреби, парастоси. Избегнување во секој случај на затворен простор и групирање на луѓе. Излегување само по потреба кога ни е неопходно. Да го чуваме сопственото и здравјето на најблиските и на медицинскиот кадар“, апелираше Димитровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани