Министерството за здравство обезбеди најнова и бесплатна терапија за хепатит ц

Јули 28, 2020

Министерството за здравство обезбеди буџет и набави одредена количина на најнова иновативна терапија за пацинетите со хепатит Ц, соопштија од Хепар центaрот од Битола на денешната прес конференција по повод Светскиот ден за борба против хепатитот.

 

„И покрај кризата со ковид-19, Министерството за здравство успеа да набави нова , иновативна терапија со што ја отвори декадата за елиминација на хепатитисот во нашата земја и не стави меѓу земјите со напреден третман на овие болести. Терапијата за хроничен хепатитис Ц, произведена е само пред две години, мултигенотипска , која овозможува сите генотипови со хепатит ц да имаат излечивост повеќе од 95 проценти. Оваа терапија треба да биде бесплатна за сите пацинети и достапна“, изјави Милан Мишковиќ од Хепар Центарот од Битола.

Терапијата пристигна изминатава недела во нашата земја. Универзитетските клиники за инфективни болести и гастро-енетрохепатологија направија напори за да ја добијат оваа нова терапија. Од населението во Македонија еден процент е инфицирано со хроничен хепатитис Б или Ц. Во Центарот за јавно здравје во Битола годинава регистрирани се само два пацинети со акутен неопределен хепатит и со хепатит Б.

Најновите светски истражувања покажуваат дека пацинетите со црнодробните заболувања доколку заболат и од ковид-19 имаат зголемен морталитет скоро два пати.

„ Хепар центарот организира и крводарителска акција која вработените во Клиничката болница ја поддржуваат. Хепар Центарот ни донира брзи тестови за детекција на хепатитис и тие ќе бидат дистрибуирани во Центарот за превенција и треман на зависности при Психијатриското одделение во Битола“, рече Билјана Гагачовска директорка на Клиничката болница во Битола.

Хепар Центарот од Битола се залага за промени во позитивната листа за што, како што беше кажано на прес конференцијата, веќе добиле ветување од министерот за здравство Венко Филипче дека по конституирање на новата влада ќе се разгледа пршањето околу терапијата за пациентите со хроничен хепатитис Б и Ц, програми за скрининг и дијагностика, превентива , подигнување на свесноста ,монторинг систем ...

„Ова е уште една потврда дека активностите на невладините организации во Битола, особено кога станува збор за здравјето на луѓето, се интензивни и видливи. Обезбедиле 1300 тестирања за лица во нашата општина. Активностите што ги спроведуваат кажуваат дека не делуваат само локално, туку и на државно и меѓународно ниво, што покажува дека се работи за сериозна организација со сериозен пристап кон активностите што ги преземаат“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани