2win800x200

ЈП ,,Водовод" ќе гради нова управна зграда

Јуни 19, 2020

 

 Јавното претпријатие Водовод ќе гради своја управна зграда во стопанскиот двор на улица ,,Шеснаесетта" зашто досега беше потстанар и плаќаше големи суми за ќирии, сметки за греење и ладење. 

,,денес е голем ден за Водовод, пред општинската Комисија за финансирање и буџет  имавме излагање за новата управна зграда во делот каде Општината треба да ни излезе во пресрет за ослободување од комуналиите. Сонот на Водовод се остварува и мило ми е што јас ја имаа таа чест да го направам тоа, Водовод да има сопствена управна зграда. Тоа е единствено јавно претпријатие во општина Битола кое нема сопствена управан зграда, е под кирија. Во стариот објект сме кираџии на Сизот, имаме околу 800 метри квадратни корисна површина, а новиот објект ќе биде 1200 квадрати. Се стремиме објектот да биде модерен и да одговори на потребите на претпријатието. Ќе биде направен океански систем на работа , модерен стил, внатре со стакла,  ќе нема ѕидови. Поделени ќе бидат по одделенија. Современ објект со наплатен центар, пристапни рампи за инвалиди", рече директорот Горан Козаров. 

 

Во изградбата ќе бидат искористени и 12,5 милиони денари средства што им ги префрли Општината, а во изминатиот период му ги должеа училиштата.  

Денес проектот се разгледува на Комисија за финансирање и буџет за да биде градбата ослободена од комуналии. 

,,Вкупната инвестиција на ЈП е 35 милиони денари, а она што Општината ги ослободува од комуналии е 4 милиони денари или вкупно околу 40 милиони денари,  инвестиција што ќе ја направи ЈП заедно со општина Битола", рече Валентин Груевски, претседател на Советот. vodovod 2

vodovod 4

 

 vodovod

vodovod2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани